понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 82 ново

Нови воздушни напади на Турција во Африн

Турските вооружени сили во операцијата „Маслиново гранче“ во сирискиот град Африн досега неутрализирале 1.369 припадници на силите кои Анкара ги смета за терористички, соопшти денеска Генералштабот на турските вооружени сили додавајќи дека во синоќешните воздушни напади уништени се 15 позиции на терористите, засолништа и магацини за оружје.

Според информациите, во текот на вчерашниот ден неутрализирани се 103 терористи од Единиците за заштита на народот, Курдската работничка партија, Партијата на демократско единство и екстремистичката група Исламска држава.

Турција на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ со цел расчистување на терористичките сили од пограничното подрачје на Африн, во северозападна Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top