сабота, 24 февруари 2018 | Вести денес: 78 ново

Милена нуди голема награда за оној кој ќе го најде нејзиното куче: Не е шега, давам 1 000 евра за Спок

Милена Перрин, Македонка од охридско, која долги години со семејството живее и работи во Швајцарија, нуди награда од 1.000 евра на оној кој ќе го најде нејзиниот миленик Спок, куче од расата Англиски Спрингер Шпаниел, кој се изгубил пред неколку дена во околината на Мешешта кај Охрид.
Вели дека нејзиното семејство е очајно откако се изгубил Спок, четири годишниот миленик, и како ќе останела во Македонија се додека не се најдел.

– Спок има четири години, има чип, пасош… Се работи за куче со педигре, тој е дел од нашето семејство. Имаме уште едно куче, но без Спок не се враќаме назад во Швајцарија. Многу сме приврзани за него, затоа и даваме висока парична награда за оној кој ќе ни го најде. Значи, не се шега тие пари кои ги нудиме, не 1.000 денари, туку 1.000 евра ги даваме од срце, раскажува Милена за Фокус, додавајќи дека целото семејство тагувало со денови.

– Се разболевме сите дома. За нас Спок нема цена! Се плашиме евентуално да не е изнесен од државата, бидејќи е многу редок примерок, единствен е во Македонија, и нема друго овде од истата раса, вели очајната сопственичка на Спок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top