сабота, 24 февруари 2018 | Вести денес: 81 ново

Во Скопје ќе се одржи геј парада поддржана од Министерство за култура

Во годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации  во оваа 2018 година ќе одвои 327,250 денари за  Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ Коалиција СЗПМЗ за организирање на настан „ Викенд на гордоста Скопје 2018 “.

Претходно во 2017 година, министерот за култура Роберт Алаѓозоски, го отвори „Скопје прај викенд“ кој се одржа од 22 – 25 јуни. Настан на кој свое обраќање имаше и Никола Шиндре, кој јавноста ја брануваше со својата колумна во која се релативизираше педофилијата. Тогаш медиумите пишуваа и како ЛГБТ центарот одликуваше промотор на педофилија, настан на кој учествуваше и Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top