недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 29 ново

Се помирија ли Кореите: Сестрата на Ким ја напушти Јужна Кореја (ФОТО)

Сестрата на првиот човек на Северна Кореја, деновиве присуствуваше во Јужна Кореја каде што на властите од Сеул им порача дека се надева дека наскоро ќе има заеднички самите на првите луѓе на двете Кореи.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Ким Јо Јонг, вчера ја напушти Јужна Кореја каде што престојуваше три дена во рамките на делегацијата на Северна Кореја која што во јужнокрејскиот град Пјонгчанг присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри.

Таа отпатувала со приватниот авион кој што бил во сопственост на нејзиниот брат, само еден ден подоцна откако на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин му ја пренесе пораката од Ким Јонг Ун – повик за заеднички самит на двете Кореи.

Делегацијата од Северна Кореја во последниот ден од својот престој во Јужна Кореја, му се придружи на јужнокрејскиот претседател Мун на концерт во Сеул посветен на севернокорејските уметнички групи кој го предводи бендот „Моранбонг“ чии женски членови ги бира лично Ким Јонг Ун.

Пред концертот, јужнокрејскиот премиер Ли Нак организираше заеднички ручек, а шефот на кабинетот на Мун исто така организираше заедничка вечера на домаќините и делегацијата од северниот сосед.

Сепак, во меѓувреме американскиот министер за одбрана Џим Матис ја отфрли претпоставката дека дури и привременото затоплување на односите помеѓу Јужна и Северна Кореја, може да ги поткопа добрите односи кои што Вашингтон ги има со официјален Сеул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top