недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 28 ново

Одекна експлозија пред ателјето на сопругата на Мицотакис

Според грчките медиуми, проценките на полицијата се дека станува збор за симболичен напад, а во тек е истрага за откривање на сторителите, преку проверка на безбедносните камери што се наоѓаат на надворешниот дел од зграда, но и на околните објекти

Мала рачно изработена бомба експлодира рано изутринава пред влезот на зградата во која се наоѓа модното ателје на сопругата на лидерот на грчката опозициска партија Нова дмеократија, Кирјакос Мицотакис, Марева Грабофски Мицотакис, во центарот на Атина.

Експлозијата предизвикала мала материјална штета на мермерот и влезната врата на објектот.

Малиот рачно изработен експлозивен механизам со плински боци бил поставен пред влезот на зградата околу 3 часот по полноќ по локлано време (2 часот по средноевропско време).

Според грчките медиуми, проценките на полицијата се дека станува збор за симболичен напад, а во тек е истрага за откривање на сторителите, преку проверка на безбедносните камери што се наоѓаат на надворешниот дел од зграда, но и на околните објекти.

Кирјакос Мицотакис на Твитер коментираше дека зад нападот стои „пропагандата на Владата“ и дека индиректно тој бил негова цел.

Од кабинетот на Ципрас, кусо соопштија дека „недвосмислено и одлучно го осудуваат нападот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top