недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 28 ново

Само 800 гости кај Хари и Меган на свaдба, кој се ќе добие покана

Освен на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, голем натпревар моментално се одвива и околу тоа кој ќе добие покана за следната свадба во британското кралско семејство.

Светскиот боксерки првак Ентони Џошуа вели дека со задоволство би ги прекинал тренинзите за да биде присутен во палатата Виндзор на 19 мај, кога ќе се венчаат принцот Хари и Меган Маркл. Тој дури се понудил да биде кум.

Точната листа гости, веројатно, ќе се дознае дури на самиот ден на свадбата. Сигурно нема да има 3.500 гости како на свадбата на родителите на Хари, Чарлс и Дијана, во 1981 година во катедралата Сент Пол, а тие ја избегнаа и Вестминстерската црква, каде што се земаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година пред 1.900 гости.

Во капелата Сент Џорџ има место само за 800 гости, при што повеќе од 50 ќе бидат поблиските членови на кралското семејство.

На свадбата на Вилијам имаше 45 кралски гости од 20 држави, меѓу кои и од Норвешка, Шпанија, Малезија, Тајланд и Саудиска Арабија. Тој, меѓу другите, ги покани и генералните гувернери на 23-те земји членки на Комонвелтот, 42 британски политичари, 31 религиозен водач и 27 странски државници.

За очекување е да се појават премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон, но најинтересната дебата се води околу тоа дали покана ќе добијат Барак Обама и Доналд Трамп. Обама е близок со Хари, но не беше поканет за свадбата на неговиот брат. Од друга страна, Маркл е голем поддржувач на Хилари Клинтон.

Канадскиот премиер Џастин Трудо е сигурен пик, исто како и Елтон Џон и Ед Ширан. Се шпекулира дека би можеле да настапат и Адел, „Колдплеј“ и Џос Стоун.

„Навистина немаме идеја кого Меган Маркл би можела да покани, па се фокусираме на Хари. Но, би биле многу изненадени ако го видиме Трамп“, вели портпаролот на обложувалницата „Вилијам Хил“, Руперт Адамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top