сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Цеца ги моли новинарите: Имајте разбирање за Марина

Балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, преку српска телевизија, упати апел до сите медиуми да ја оставаат на раат познатата Марина Туцаковиќ.

– Не е фер да се занимавте со нејзината болест, сега кога таа треба да е најмногу спокојна. Јас ја разбирам вашата работа и вашата љубопитност, но разберете ме и вие мене. Јас сум нејзината голема пријателка и сакам и на овој начин некако да ја заштитам доколку е тоа можно. Ќе ви кажам само толку дека Марина е добро, се чека на резултатите, а тие додека да дојдат не треба да ја известувате јавноста на тој начин, дека Марина е болна од најтешката болест. Затоа драги мои новинари имајте почит и трпение кон големата Марина. Таа е весела и насмеана личност, и јас сум весела, бидете и вие такви, таа и вас ве сака и нека остане така…, изјавила Цеца замолувајќи ги новинарите да имаат големо трпение!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top