петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 19 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Парите за дислокација на галиите, Шилегов да ги пренамени за градинки и училиште во Аеродром

Парите за дислокација на галиите, Шилегов да ги пренамени за градинки и училиште во Аеродром, порача денеска на прес-конференција, Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо Петре Шилегов од народни пари да дава 5 милиони евра за дислокација на галии за кои не е дадено ниту денар да се направат бидејќи тие се на приватни сопственици, нека одвои и нека даде 4 милиони на општина Аеродром да се реализираат проектите за нови градинки и ново средно училиште“, рече Василевски.

Додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ било планирано да се изгради ново средно училиште во општина Аеродром и дополнително да се изградат 4 нови градинки на веќе постоечки локации и една комплетно нова во Долно Лисиче, а сето ова би чинело вкупно 4 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top