сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Ова се синовите на Небојша Глоговац: Помладиот тргна по неговите стапки и се појави на малите екрани

Небојша или Глоги како што го викаа оние кои ја имаа среќата да го познаваат и да се дружат со него, зад себе остави три деца: Најстариот син Гаврило, помладиот Милош и најмалата ќерка Сунчица.

Небојша, синовите Гаврило о Милош ги доби во бракот со сликарката Мина Глоговац со која беше во брак 19 години. Мина и Небојша се венчаа во 1996 година а кум им беше Војин Четковиќ. Во тој брак се родија Гаврило (20) и Милош (17).

Актерот никогаш не ги истакнуваше во јавност синовите, ниту со нив се фотографираше за во медиумите. Сепак помладиот син донесе долука со 15 години да стане водител на емисија бидејќи поседува неверојатен талент за готвење. Станува збор за емисијата „Кување грување“ а во една прилика во емисијата заедно со Милош се појави и Небојша.

–Се почна така што мојот брат правеше банана бред и сакаше да му помогнам, а јас сакав да помагам, да правам интересни нешта и со тек на време почнав да вежбам и сфатив дека банана бред не е динствениот рецепт, рече Милош во една прилика.

Како што рече, имал поддршка од семејството, мајка му и татко му биле горди поради тоа што го прави, а откри и дека неговиот татко, Небојша сака да готви.

–Тато е пресреќен, Тато исто така сака да готви, а во неговиот начин на готвење најмногу ми се допаѓашто сака да експериментира и не се плаши да направи грешка. Мислам дека и јас имам нешто од неговиот талент бидејќи многу ми се допаќа актерството и често низ шега додавам некои имитации и глума. Можеби и јас некој ден ќе одлучам да се занимавам со глума, рече тогаш Милош.

Милош е момче кое сака да се дружи, да се забавува…учи во Петтата белградска гимназија, излегува со другарите, слуша музика, ужива во тинејџерските денови и одлично готви!

Другиот, постариот дин ан Небојша, се вика Гаврило, има 20 години. Во една прилика Небојша откри дека тој името го добил по неговиот дедо Гаврило кого многу го сакал и се сеќава на него секој ден.

За Гаврило малку се знае во јавноста, освен кога на 19 мај 2017 година, во улица Вишњичева, во стариот град бил уапсен за поседување на наркотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top