сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Без вода утре дел од Карпош

Без вода утре од девет часот ќе останат корисниците од улиците „Михаил Цоков“ на потегот од булевар Илинденска до „Орце Николов’ и на Илинденска на потегот од Рузвелтова до „Наум Наумовски Борче“.

Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради дефект на два затворачи ф-400мм на булеварот Илинденска, раскрсница со улицата „Михаил Цоков“ и ќе трае се до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top