понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 77 ново

Момент кој остава без здив: Повеќе од 1.200 дронови го осветлија небото над Пјонгчанг

Спектакуларно шоу направија повеќе од 1.200 дронови кои се појавија на небото на Пјонгчанг, домаќинот на 23. Зимски олимписки игри (ЗОИ) кои официјално почнаа вчера и ќе траат до 25 февраури.

На свечената церемонија на отворањето на Игрите овие дронови направија светлечко шоу. Прво дроновите направија фигура на сноубордер, кој потоа се преточи во петте олимпски круга кои лебдеа во небото над Олимпискиот стадион.

Секој од овие пластични дронови е опремен со ЛЕД-светла, кои создаваат повеќе од четири милијарди комбинации на бои. Флотата е контролирана од еден компјутер и од еден пилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top