понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 77 ново

По увидот на Комисијата: Архивскиот материјал во Државниот архив не е оштетен

За време на увидот е констатирано дека во новата зграда на архивот архивскиот материјал не е оштетен од неодамнешните поплавувања на објектот, ниту пак директно е загрозен и оти е целосно заштитен во непропустливи метални сефови, се вели во соопштението

Архивскиот материјал во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврдила комисија составена од претставници од Влада на РМ, Архив на РМ и Јавното обвинителство, соопшти вечерва владината прес-служба.

Увидот е извршен на барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, а во него учествувале и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски и заменик директорот на Државен Архив, Музафер Бислими со својот стручен тим.

Комисијата, стои во соопштението, констатирала дека дел од архивскиот материјал од прва категорија, од најголемо национално и историско значење, освен во просториите на новото, се наоѓа и во старото депо.

– За време на увидот е констатирано дека во новата зграда на архивот архивскиот материјал не е оштетен од неодамнешните поплавувања на објектот, ниту пак директно е загрозен и оти е целосно заштитен во непропустливи метални сефови, се вели во соопштението.

Од увидот е заклучено и дека има потреба да се направи дополнителна проценка на состојбата на микрофилмуваниот архивски материјал, со цел да се утврди дали има потреба од негово преместување во старото депо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top