сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Муса: Подготвени сме за Хрватска!

Една од најпопуларните македонски кошаркарки имаше неколкумесечна авантура во друг спорт, но се врати и му се стави на располагање на македонскиот национален тим. Муса се занимаваше со боди-билдинг, дури и настапи на Светско првенство во декември, но реши да се врати на првата љубов. Признава дека се чувствува отсуството меѓу обрачите, но барем физички е одлично подготвена.

„Веќе неколку месеци се занимавав со друг спорт, но ѝ се вратив на кошарката. Ми фали оној период за да си ја вратам мојата самодоверба, меѓутоа кондиционо сум подготвена, а подготвени се и останатите девјки. Се надевам дека ќе можам да и помогнам на репрезентацијата за да оствариме позитивен резултат“, рече Муса. Таа, Тантуровска и новата Американка, Ешли Парис, треба да да ѝ дадат нов залет на Македонија, во однос на поразите од Шведска и од Италија во првите два меча од квалификацискиов циклус. Хрватките ја победија Италија, а загубија од Шведска и, сепак, како фаворитки влегуваат против Македонија.

Но, нашите девојки не си ги скратуваат надежите за победа. „Досега сме околу една недела заедно, се чувствуваме подготвени, иако ни фалат некоклу важни и многу добри кошаркарки. Хрватките веќе подолго време тренираат и играат заедно и тоа е нивна голема предност.

Нашата репрезентација имаше една пауза од три-четири години, која се чуствува во играта. Сепак наша предност е тоа што сме млада екипа, имаме доста кошаркарки кои играат надвор од државата, а големо засилување е новата Американка (Ешли Парис н.з.), така што ќе видиме дали ќе успееме“, додаде Муса.

Натпреварот против Хрватска се игра утревечер во 20 часот и 45 минути, а влезот во „Борис Трајковски“ ќе биде слободен. По овој меч, репрезентацијата ќе се упати за Италија, каде што гостува в среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top