сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Мистеријата решена: Се појави исчезнатата ѕвезда на Премиер (ВИДЕО)

По повеќедневен бојкот фудбалерот на Лестер Ријад Марез конечно ѝ се придружи на екипата и продолжи со тренинзите. Откако му пропадна трансферот во Манчестер сити, Алжирецот одлучи да штрајкува и престана да се јавува на телефон. Управата на „лисиците“ донесе одлука да го санкционира со најголемата казна во историјата на фудбалот – 250.000 евра.

Изгледа казната влијаела на Марез, кој од нигде никаде реши да се врати во екипата. Тој не беше на листата нанатпреварот Лестер – Свонски, кој се одигра минатиот викенд, а утре ќе видиме дали депресивниот Алжирец ќе заеигра против Манчестер сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top