четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Кривична пријава за лице кое му се заканувало со убиство на Заев на „Фејсбук“

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против лице кое на „Фејсбук“ му се заканувало со убиство на премиерот Зоран Заев. Од МВР известуваат дека во изминатиов период се детектирани шест кривични дела за закани кон претседател на Владата, истите се документирани, со соодветни известувања до Основното јавно обвинителство и обезбедени наредби до социјалната мрежа „Фејсбук“.

Притоа, велат од МВР, од посочените шест кривични дела откриено е лице кое се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“, а се однесува на регистрирана објава на еден македонски веб-портал, по претходно објавена статија на социјалната мрежа „Фејсбук“, којашто во вид на закана е упатена до претседателот на Владата.

– Во случајот, осомничениот за кривичното дело е откриен во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, со социјалната мрежа ‘Фејсбук’, како и со Интерпол-Берн (Швајцарија) и еден интернет провајдер од Швајцарија. По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното ОЈО, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top