сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски веќе неколку натпревари нема постигнато погодок за Палермо. Навивачите се загрижени за формата, но поранешниот тренер на сицилијанците, Франческо Бајано, потенцира дека голгетерската суша не треба да го загрижува Македонецот.

– Периодот без постигнат гол сигурно влијае на Несторовски и на неговата психа. Но, не треба да го загрижува. Ќе дадам еден пример – претходно, во иста ситуација беше и Мертенс, кој не даваше голови, па влезе во форма и почна да тресе мрежи константно. Несторовски не треба да биде опседнат со давање на голови и не треба многу да размислува на тоа, е ставот на Бајано.

Несторовски има десет постигнати гола оваа сезона во Серија Б, но четири натпревари во низа не знае за гол. Претходно, популарниот Несто-гол беше и четири натпревари надвор од тимот, поради повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top