недела, 19 август 2018 | Вести денес: 52 ново

Ставре Јада го развиори македонското знаме во Пјонгчанг (видео)

Ставре Јада, еден од тројцата македонски олимпијци кои ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се отворени денеска во Пјончанг, го развиори македонското знаме на свеченото дефиле.

Македонија на Игрите во Пјонгчаг ќе ја претставуваат тројца спортисти. Ставре Јада, Антонио Ристевски и Викторија Тодоровска се спортистите во црвено-жолто кои ја бранат честа на нашиот спорт на ЗОИ.

– Не можеме да ја скриеме возбудата од учеството на најголемиот спортски настан. Веруваме дека нема да ја разочараме Македонија, а искрено од срце ќе се обидеме достоинствено да ја браниме македонската спортска чест – вели Ставре Јада, кој со штотуку наполнети 18 години беше знаменосец на церемонијата на свеченото отварање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top