сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 9 ново

Мајката на малата Матеа: Каде ќе им оди душата на овие луѓе?

Со денови има проблем на одделот на детска клиника за хематоонкологија каде што се најтешко болните дечиња, каде престојуваат во оскудни услови со недостаток на лекови и персонал каде што никој не води статистика колку годишно на овој оддел има починати дечиња и на никој не му е грижа додека мајките плачат, пишува на Фејсбук мајката на малата Матеа која ја загуби битката со тешката болест на клиниката каде се лекуваат дечиња со тешки болести на крвта.

– Некој профитира со тоа што секој родител сам се снаоѓа за терапија и милиони евра се платени за дијагнози на Грчка болница од страна на родителите кои фондот не им ги враќа иако во законот стои дека за овие дијагнози секој лек и испитување треба да го подмири фондот, пишува таа на Фејсбук и додава дека иако во законот се е убаво напишано, никој на дело ништо не применува и во тој оддел односот спрема родителите на болните дечиња е премногу нечовечки.

– Одвратно и нечовечно однесување. И покрај се, сега и оддел нема за овие дечиња па јас не знам каде ќе им оди душата на овие луѓе кои треба да имаат одговорност. Господ на помош на болните дечиња, вели таа.

Мајката пишува дека овој потресен статус е во спомен на нејзината ќерка Матеа и сите други дечиња кои ги загубија своите животи на одделот на хематоонкологија и упатува апел до министерството и министерот за здравство веднаш да реагираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top