вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Цеца не се одвојува од пријателката во тешките моменти: Проговори за борбата на Марина со тешката болест

Една од најдобрите текстописци на Балканот во моменов проживува драма борејќи се за живот на одделението за онкологија во Белград. Покрај неа, како што се дознава, цело време е сопругот Александар Радуловиќ Фута и синот Милан, но и долгогодишната соработничка Цеца.

Токму таа ја убедила Марина да оди на преглед, бидејќи на Марина и се слошило во неделата, но мислела дека тоа е поради проблемот со дијабетесот, кој го има со години. Неколку дена пред тоа се чувствувала изнемоштено, но сето тоа го припишувала на вирус. Сепак кога и се слошило и кога се онесвестила, Цеца инсистирала да одат на лекар, па се упатиле на онкологија, каде била хоспитализирана.

-Ве молам, на Марина сега и се потребни мир и поддршка од сите нас кои ја сакаме за да ја добие оваа битка. На нас е да бидеме со неа – било се што рекла Цеца.

Марина лежи на Инситутот за онкологија и радиологија на Србија, каде лавовски се бори со опасната болест. Како што се дознава направени и се детални прегледи и биопсија, а резултатите ќе бидат готови за неколу дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top