сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

Чола открива: Кои се Јасмина, Емили, Рушка и Кристина од неговите песни?

Песните на славниот поп пејач Здравко Чолиќ неретко се именувани по женски имиња.

Низ цела поранешна Југославија се пееја песните за Емина, Рушка, Есма, Анџела, Милена, Кристина, па Чола конечно отркива дали спомантите дами се од „реалниот живот“.

– Ниту една песна не е за реална жена, освен Кристина, открива Здравко, а потоа објасни за која Кристина станува збор.

– Корнелие Ковач ја посвети песната на својата ќерка – истакна Чолиќ.

Станува збор за познатата кантавторка Кристина Ковач која со сестра и Александра некогаш беа дел од составот К2.

Кристина со години е во продуценските води , а прави композиции за странскиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top