сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Ортопедот од пеколот не запира: Ако ми дадеш пи*ка, одиш прва на операција, ако не – последна

Ортопедот од КБЦ Дубрава, за кого една од најгледаните емисии во Хрватска, „Провјерено“, објави несекојдневна приказна, дека со своите пациенти се однесува многу непристојно, безобразно и без никаква почит, добил забрана за работа со пациенти.

И покрај забраната и веќе објавните гнасотии со кои морале да се соочат неговите пациенти, сѐ уште има пациенти кои ги објавуваат своите искуства со ортопедот од пеколот.

Во емисијата „Провјерено“ се јавила мајка на малолетна пациентка, која кај лекарот се јавила со болки во рамото.

-Се обидов на лекарот да му објаснам кои се причините за болките во рамото на ќерка ми, но ми рече да молчам, бидејќи ене никој ништо не ме прашува. Потоа ѝ се обрати на ќерка ми и ѝ рече да се слече до половина. Бидејќи е срамежлива, ќерка ми не се слече веднаш, а тој стана непријатен: „Додека се плескаш со фраери не ти е срам, сега мене ми глумиш“. Инсистираше ќерка ми да му каже дека не е невина, па поча де од што се срами, де што глуми, па ѝ викаше дека е ретардирана, не му беше јасно како се однесува, раскажува мајката која сакала да остане анонимна за да ја заштити приватноста на детето.

Ги испратил на рендген, а кога дошле на шалтер, сестрата прашала за кого се работи. Мајката кажала дека треба да се снима девојчето, па сестрата ги посоветувала да не одат на снимање, зашто нема потреба од толкаво зрачење.

Сексистички испади доживеала и Олга Ходко. „Ми вика, ако ми дадеш пи*ка, одиш прва на операција, ако не – последна“, раскажува таа за „Провјерено“.

Ортопед од пеколот: „Ме праша дали сопругот, кога прв пат ме е…, го направил тоа од напред или од назад“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top