четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 28 ново

Масло од диво оргигано – најмоќниот природен антибиотик

Маслото од диво оригано со векови е еден од најбараните природни лекови за различни здравствени тегоби. Неговите лековити својства биле познати уште од времето на старите Грци, а таткото на медицината Хипократ често го користел како антисептик.

Ова моќно масло се смета за најсилните природни антибиотици, а освен тоа помага и за многу различни здравствени состојби.

Моќен борец против вирусните и бактериски инфекции

Многу различни истражувања ја покажуваат моќта на маслото од диво оригано во однос на борбата против вирусните и бактериските инфекции. Тоа е голем сојузник во борбата против 30 видови бактерии, вклучувајќи ја и Ешерихија коли, која за многумина создава големи проблеми. Сепак, се препорачува негово мешање со други масла, поради неговата јачина.

Ги олеснува менструалните тегоби

Традиционално се користи за време на менструацијата, така што ги олеснува тегобите за време на овој непријатен период за жените. Се користи и за нередовните менструации, а спаѓа во билните производи кои го стимулираат протокот на крвта во подрајчето на карлицата. Затоа и не се препорачува за труднивите.

Помага кај проблеми со варењето

Без добро варење, нема добро здравје. Маслото од диво оригано го стимулира протокот во системот на варење, притоа подобрувајќи го целиот процес на варење. Го намалува создавањето гасови и помага во регулирање на желудочните киселини.

Ги ублажува последиците од кожните болести

Се препорачува за оние кои имаат проблем со псоријаза, егземи или розацеу. Важно е да се напомене дека поради својата јачина, може да предизвика иритација или црвенило, па затоа треба прво да се тестира на кожата.

Богато е со минерали и други природни состојки

Богато е со цинк, магнезиум, витамин Ц и Е, железо, нијацин, калциум и манган.

Ги ублажува респираторните проблеми

Истражувањата покажуваат дека е одличен против бронхитис, астма и респираторни проблеми предизвикани од грип и настинка. Еден од неговите главни состојки – карвактрол е одличен против инфекциите на горните дишни патишта, а помага и кај инфекции на долниот дел од респираторниот систем.

Штити од кардиоваскуларни заболувања

Благодарение на своите антиоксидантски својства, го штити срцето и крвните садови од штетите кои ги предизвикуваат слободните радикали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top