недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 70 ново

ПОДМОЛНОСТ И ГЛУПОСТ ERGA OMNES: Рипаблика Меакидоуниа, Мејкдонсаи, Меакидонси, меакидоунски џаезик

Македонски народе, види со свои очи и увери се: токму таков ќе биде англискиот изговор во општата меѓународна употреба на името Република Македонија, Македонци и македонски јазик според франкенштајнскиот „ономастички дизајн“ на суперагресивната морална мивка Никос Коѕиас, чијашто незапомента агресивност во однос на Македонија излезе од сите рамките на нормално однесување. Се разбира, таа подмолно обмислена гротеска со нашите историски називи и имиња ќе биде неизмерно постравотна кога ќе ни залепат уште и географски или други идиотски придавки, префикси и суфикси. Па зарем само така ќе молчиме со уста полна земја и ќе им дозволиме на тие неколкумина лудаци да ни го поништат идентитетот и на тој и таков начин да не’ понижуваат пред целиот свет?! Дупката што веќе ја ископа под нас квислингот Зоран Заев е бескрајно длабока бездна, а тој сеуште копа и копа.

Алдо Климан

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас не престана манијакално да малтретира, да притиска, да гнети. Дневно, и буквално од час во час без прекин ја зголемува напнатоста, на разни страни алармира и излегува со нови и нови, а всушност само повторувани изјави, забрзувајќи го до лудило решавањето на грчките барања за менување на името на Македонија и на македонскиот јазик (без превод на англиски!), и се разбира, на идентитетот на македонскиот народ и Уставот на Република Македонија. Според него, очигледно се’ треба радикално да се смени во духот на дрските, аморални и ступидни грчки барања за поништување на Република Македонија и на македонскиот народ, а всушност прикриено и да се искарикира и грубо да се исмее, додека не прогледаме, а тогаш ќе биде доцна! (Токму на тоа се обиде на свој начин да не’ предупреди Нимиц, поради што Коѕиас и збесна на него, бранејќи му да ги толкува грчките ставови!). Но, сите многу добро знаеме, а знае и целиот свет, и особено тие што го заматија тоа подмолно замешателство, Грците, дека сето тоа нема никаква врска, дека е во прашање една најобична безобразна и безобѕирна измислица и невидено меѓународно силување. Секоја и најмала и најнезначителна промена на сегашното уставно име на Република Македонија е неприродна, наметната и ќе го означи вистинскиот крај на нашиот вековен, интимен, топол македонски свет во кој се раѓавме, живеевме и умиравме, и беден крај и смрт на нашата национална и културна посебност, крај на нашиот македонски идентитет што многу бргу ќе се расточи до ништожност. И што е најстрашно, нема да имаме право ниту на своите спомени, бидејќи и тие ќе бидат преименувани во нешто сосема друго, во политичко-историски фалсификат со правна сила.

Додека не изгубиш нешто не знаеш што си имал!

Токму затоа мразниот Коѕиас турира, брза, не дава да се дише. Знае тој со кого има работа, зашто наспроти него седи хистеричниот, беден предавник Зоран Заев, кој по кулоарите на белосветските хотели бесрамно, авторитарно дели и дава големи, судбоносни и конечни ветувања за судбината на целата нација, за кои ден-два подоцна читаме, слушаме, гледаме и дознаваме по медиумите (главно грчки!) како за веќе свршена работа. И Коѕиас и Ципрас, како и Рама и Борисов, сфатија дека имаат „историска шанса“ во четири очи со Зоран Заев да направат апсолутно се’ што ќе посакаат со тој предавнички политички лудак и меѓународен шут со криминално педигре, со чие инсталирање како од небо им падна секира в мед за да можат да ги истуркаат до крај, еднаш за секогаш, сите свои стари, столетни национални освојувачки соништа кон Македонија, исполнувајќи ја истовремено и сложената но еднонасочна освојувачка агенда на ЕУ, САД и НАТО.

Железото се кове додека е жешко, а сега, со збеснатата растрчаност и повторната општа адреналинска возбуда на деструктивниот антимакедонски, франкештајновски „евроатлантски тим“: Хан, Могерини, Јункер, Столтенберг, Билд, Ципрас, Коѕиас, Османи, Ахмети, Заев, Димитров, Шекеринска, Бејли, Жбогар, и кој ти се’ не, не само што е жешко, туку е навистина крајно усвитено. Но сево ова што се прави вака безобѕирно со најважните и најсудбоносни прашања на еден стар европски народ и на една современа европска држава, со невидена „светлосна брзина“ – сето тоа е најобичен државен политички криминал, здружен со меѓународниот политички и друг криминал, на штета на обичниот, изморен и со разни средства и методи апсолутно пацифициран македонски човек, и на неговата единствена, изморена и рашрафена татковина Македонија, а тој, апатичен и веќе препуштен на развојот на настаните, или сосема заблуден, без каква и да е реална внатремакедонска политичка заштита и закрила, нема ни да се свести кога од овој „глиб до гуша“ во којшто не’ фрли квинслишката и големоалбанска влада на Заев ќе се најде во „глиб преку глава“, од што веќе нема да има враќање ниту спас. А тоа, за жал, е веќе утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top