недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Сара Мејс има две нови песни (видео)

Сара Мејс  објави две нови песни: „Излези од кутија“ и „Сè е прекрасно“. Музиката и текстот на песните е на Сара Мејс, додека аранжманот на истите е на Неврус Бајрам и Иван Петровски.

„Сè е прекрасно“ одлично се исполнува со соло изведбата на виолината на Климент Тодоровски. Тој е концерт мајстор во Македонска опера и балет и неговите ноти и даваат неверојатна димензија на песната. Во „Сè е прекрасно“ Филип Димишковски изведува пијано, Дејан Митровиќ – контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски – гитари, Александар Ванчовски – тапани, Виктор Филиповски со перкусии и Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали.

„Излези од кутија“ е во изведба на истиот овој тим кој воедно беше дел од проектот Floating through space with Sarah Mace и овие две песни се дел од самиот албум.

Сара Мејс e музичар чиј стремеж е да направи нешто ново и свежо во македонската музичка индустрија.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top