недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Најубавата кошаркарка Едина Муса облече венчаница!

Околу 200 идни невести одбираа совршена венчаница на шестиот „The Bridal
Fashion Night“ кој се одржа вчеравечер во„Скопје Мериот Xотел“ во организација на Моден
викенд Скопје.

Ревијалниот дел го отвори „MCouture by Mila Kadriu“ со колекцијата „Spring Bridal 2018“.

Мила Кадриу

– Во новата колекција е дефинирана женственоста преку самиот крој, со храбри и естравагантни елементи во комбинација со транспарентни делови и богато рачно везени детали. Елеганцијата е претставена во најделкатната форма, гламурот е суптилен и романтичен, а раскошот изобилува од различни делови и во повеќе ноти – вели дизајнерката Кадриум.

Студио „Зиане“ со три нови креации ја најави колекцијата за пролет-лето 2018.

„Зиане“

Модната куќа „Менакон“ од Косово пред македонската публика донесе 20 нови модели под името
„Storm“.

Менакон“

Колекцијата на Наташа Карчева од ателјето „Ал апарел“ наречена „Endless love“ е инспирирана од љубовта, убавината, музиката и карактерот на жената.

– Како и секогаш во моите колекции повторно се одбегнува стереотипот на класични венчаници а се става акцент на оние нежни, лесни, прозрачни, малку провокативни кои уптилно го отсликуваат женското тело – вели Карчева.

„Ал апарел“

Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry“ ги претстави новите трендови за претстојната сезона.

„Сигма“

За прв пат македонската публика ги виде моделите на ателјето „Зана“ од Косово со колекција за пролет- лето 2018 година наречена „Something more“ составена од 10 венчални фустани.

„Зана“

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“ на овогодинешниот „The Bridal fashion night“ претстави нова уникатна креација, фустан изработен исклучиво од свежо цвеќе.

„Фа –Бу“

Вечерта ја затвори „Elizabet design studio“ со најновата колекција „Equilibrium“. Во една од нејзините креации ја видовме и познатата македонска кошаркарка Едина Муса која првпат облече венчаница.

Кошаркарата Едина Муса во венчаница на Equilibrium

Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура „Revlon Professional“ во соработка
со „Cool-cut“. За шминката се покрижи официјалниот партнер за убавина „Golden Rose Macedonia“ во
соработка со мејкап артистот Даниел Артевски. Чевлите кои ги носеа моделите на настанот
доаѓаат од „Paolo Bocelli“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top