сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

3 совети според фенг-шуи за привлекување љубовна енергија во домот

Пред да ги послушате овие совети, експертите за фенг-шуи велат дека мора да се сакате себеси и да се грижите за сопствените емоционални потреби. Дури откога ќе ги исполните овие услови, можете да создадете позитивна енергија во домот, која ќе привлече и љубовна енергија.

Совет 1

Претворете ја својата соба во место кое ќе зрачи со позитивната енергија и романтична атмосфера. Каков е креветот во којшто спиете, а каква е бојата на вашите ѕидови? Дури и ако сте сами, средете ја вашата спална соба во боите на љубовта за две личности. Енергијата над креветот треба да биде силна и балансирана. Поставете ноќни масички на двете страни или препуштете и се на вашата креативност.

Совет 2

Претворете ја бањата во спа-простор кој ќе привлекува љубовна енергија. Поголемиот дел од луѓето не обрнуваат внимание на бањата и оваа просторија обично последна доаѓа на ред за средување. Меѓутоа, според фенг шуи, навистина е важно оваа просторија да биде уредна и средена за да може со вашиот живот да владее благосостојба и љубов.

Бањата најчесто ја користиме за да го исчистиме телото, но експертите по фенг шуи велат дека тука треба да ја чистиме и душата. Затоа уредната и убава бања ќе им донесе добра енергија и на вашето тело и на вашата душа. Доколку зрачите со позитивна енергија полесно ќе привлечете сродна душа во својот живот.

Совет 3

Исполнете го домот со детали кои според фенг шуи носат среќа и благосостојба. Секако дека поставувањето на мандаринската патка на вистинското место не е доволно само по себе, но овој предмет секако ќе ви донесе позитивна енергија во вашиот дом, а со самото тоа и во вашиот живот. Романтичната слика која асоцира на љубов, кристалите во форма на роза и црвените свеќи ќе допринесат за создавање на позитивна атмосфера во која ќе се чувствувате блажено, сакано и сигурно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top