сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Модните комбинации на Меланија (фото)

Додека наоколу се шират гласини за статусот на бракот на Меланија и Доналд Трамп, како и за неговото неверство, парот очигледно ги игнорира и се појавуваат во јавност со целосна доминација.

Последниве неколку дена тие се забележани неколкупати, а секако, Меланија Трамп не нè разочара на ниту едно нејзино појавување и блескаше во секоја комбинација.

Викендов, претседателот на САД и првата дама, беа забележани како излегуваат од нивниот авион кога пристигнаа во Флорида, заедно со синот Барон.

Меланија беше облечена во лежерна комбинација – тесни фармерки со темна блуза и впечатлив црвен капут од кашмир и црвена чанта.

Тие викендот го поминаа во ресортот Мар-а-Лаго, каде го проследија 52-то издание на Super Bowl, a на забавата по тој повод, во неговиот Голф клуб, беа придружени од мажоретки и оркестар.

За нивниот дочек и настанот, Меланија се одлучила за тесни бели панталони и палто во сино, црвена и бела боја, секако комбинирано со високи штикли.

Меланија каде и да се појави, никогаш не разочарува со модниот избор, па така и на последното појавување во Охајо со Доналд, каде беше облечена во кафено кожено здолниште, жолта ролка и жолт капут кој не остана незабележан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top