недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Салах влезе во историјата на Ливерпул

Мохамед Салах продолжува со својата неверојатна сезона, а вчера одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи два гола во ремито 2-2 против Тотенхем.

Така, тој успеа да влезе во историјата на Ливерпул, откако најбрзо стигна до бројката од 20 гола во Премиер Лигата. На репрезентативецот на Египет му беа потребни само 25 натпревари за да го подобри рекордот на Фернандо Торес и Даниел Стариџ, на кои им беа потребни 27 натпревари за да стигнат до таа бројка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top