сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Тамара за својата ќеркичка Хана: Во Скопје ја размазуваат моите, во Гевгелија свекорот и свекрвата

Тамара Тодевска веќе извесен период ужива во мајчинството. Хана е нејзиното се’ во животот, нејзин фокус, но и центар на светот, а најважно е од се и малата наследничка да има среќно и безгрижно детство.

Голема поддршка добива и од сопругот, екскошаркарот Александар Димитриевски, за кој пејачката вели дека е нејзина најголема љубов, но и херој и маж на место каков што секоја жена би посакала да има.

– Вистински уживам во мајчинството. Мојата професија дозволува да бидам мајка која не мора да се одвојува од своето дете поради работата. Уживам и се радувам што имам прекрасно семејство. И сето ова не ме промени многу, но ми даде фокус и мој центар на светот. Ништо не ми е поважно од Хана и тоа таа да биде здраво и весело дете, вели пејачката.

– Инаку, Хана многу сака да пее и да слуша музика. Ужива во дружба со сите членови на нашето семејство и постојано е на релација Скопје – Гевгелија. Во Скопје ја галат и размазуваат моите родители, во Гевгелија за тоа се задолжени свекорот и свекрвата, но за тоа и служат бабите и дедовците, за да ги разгалуваат децата. Добивам голема помош и од сопругот, кој е моја љубов, но и мој херој. Спортистите и дисциплината која ја имаат додека растат ги прави сосема поинаков тип на мажи. Тие можат се и прават се на спортските терени, но такви се и дома, додава Тамара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top