недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

ФФМ ќе им подели скоро пола милион евра на прволигашите за развој на младинскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на професионалните клубови ќе им подели сума од 457.195 евра, која доаѓа од Солидарниот фонд од шампионската лига и ќе се распределат меѓу клубовите кои настапуваа во ПМФЛ во сезоната 2016/17.

По барање на дел од клубовите, средствата кои годинава достигнаа износ од 457.195 евра, износ кој претставува двојно зголемување во однос на претходните години, ќе се распределат за Вардар, Шкендија, Работнички, Пелистер, Ренова, Силекс, Победа, Шкупи, Брегалница и Македонија Ѓ.П.

–  Фудбалот во Македонија ќе се развива само ако секој го дава својот придонес и се грижи за подобрување на условите. Во ФФМ се залагаме токму за тоа и нѐ радува што постои единство и меѓу клубовите, токму како во фудбалска екипа. Изминатиот период сите бевме горди на резултатите кои ги постигнуваа нашите младински тимови, голем удел во тоа имаат и клубовите и искрено се надеваме дека овие средства ќе се искористат токму во таа насока – да продолжиме да создаваме услови за квалитетни млади фудбалери, изјави првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Средствата се строго наменски – за развој на младинскиот фудбал и ќе подлежат на посебна ревизија од страна на УЕФА и ФФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top