понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 76 ново

Лазаров: Не ја оставам оваа Македонија!

Видовме пробна верзија на „Македонија без Лазаров“ и не дај Боже наскоро да го гледаме целиот „филм“. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по повредата на ЕП во Хратска и понатаму е во мирување по повредата заработена на мечот со Шпанија, но утешува – нема сега да го остави националниот тим.

„Повредите се составен дел од спортот. Јас чувствувам дека уште сум ѝ потребен на оваа репрезентација. Таа постоела пред да станам нејзин член, ќе постои и по моето заминување. Меѓутоа, не сакам оваа Македонија да ја направи истата грешка што ја направи генерацијата на Манасков. Се опростија пред време од репрезентативниот дрес, иако се уште беа во врвна форма и нè оставија нас помладите сами да се бориме за пласман на големо натпреварување. Тој пост без големо натпреварување траеше од 2000 до 2009 година. Девет години без големо натпреварување е долг период и ние уште го плаќаме тој данок. На младите ќе оставиме цврста база, која само ќе треба да ја надградуваат. Ракометот е национален спорт и таков треба да остане“, вели Лазаров.

Целиот разговор со Лазаров прочитајте го на спорт.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top