среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Убедлива победа на „црвено-црните“ – Вардарки го „разбија“ Битигхајм

Екипата на Вардар продолжува со победите во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа Битигхајм со убедливи 38:26. Во натпревар со две различни полувремиња, „црвено-црните” на гостувањето во Германија имаа доста проблеми во првото полувреме со играта „седум на шест“ која ја практикуваше домашниот тренер.

Првите 30 минути завршија само со два гола предност за Вардар (16:14), но во вториот дел вардарки „експлодираа“ и со двоцифрен триумф го завршија мечот.

Најефикасна во победничкиот тим беше Андреа Пенезиќ со осум гола, на голот Амандин Лејно забележа 12 одбрани.

По оваа победа Вардар со 12 бодови е пред Мец со 8, Ференцварош и Будуќност имаат по 6, Битигхајм и Турнингер по 2.

Во следното коло Вардар на 10 февруари го пречекува тимот на Будуќност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top