сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека не гледа никаков проблем во тоа што Пол Погба останал на клупата за дуелот од англиската Премиер лига против Хадерсфилд. „Црвените Ѓаволи“ победија со 2-0 и успеаја да се консолидираат на второто место во шампионатот.

– Не мислам дека Погба беше запоставен или казнет, ​​секогаш се обидувам да го сторам најдоброто за тимот, па затоа претпочитам да гледам на тоа како на прекрасна приказна, изјави Мурињо.

– Решив да му дадам шанса на младо момче кое пристигна во клубот само на 9 години за својот прв тренинг. 10 или 11 години подоцна детето веќе игра во дресот на Манчестер Јунајтед важен натпревар од Премиер лигата на „Олд Трафорд“. Сакам да гледам од оваа перспектива. Пол го прифати ова многу добро, смета „специјалниот“.

– Пол е фантастичен играч, нема сомнение за тоа. Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред на планетата. Не гледам што е страшно во фактот што еднаш е оставен на клупата, рече Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top