среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 115 ново

Џамбазов наполни 82 години! Поклон Маестро!

Познатиот македонски композитор, Маестро Александар Џамбазов, таткото на актерот Игор Џамбазов, вчера наполни 82 години.

Тој роденденот го прослави со најблиските во еден скопски ресторан, а фотографија од убавото друштво на социјалните мрежи објави Весна Петрушевска која била меѓу гостите.

– Александар Џамбазов денес полни 82 години. Да ни е жив и здрав ..Среќни што те имаме, те сакаме бескрајно – му порачала Петрушевска на славеникот.

На забавата, покрај синот Игор Џамбазов, чест му направиле и актерот Тони Михајловски, со сопругата Александра и синот Максим, Пере од „Нокаут“, Весна Бејби, Харе Гуру…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top