сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Балканец во Италија: Брозовиќ за пропаднатиот трансфер се „лечи“ со Миле Китиќ (видео)

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ не успеа во зимскиот преоден рок да го реализира посакуваниот трансфер во Севилја, а очигледно „утеха“ за останувањето во Интер најде во турбо фолк нумерите на еден српски пејач.

Брозовиќ сподели видео како ужива зад воланот на ултра луксузниот Ролс-Ројс, додека ги слуша најпознатите хитови на својот омилен пејач, Миле Китиќ. Неговото видео предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, меѓу кои има и пораки и коментари дека „проработел Балканецот во него“ иако е во Италија. Видето може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top