недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 63 ново

Заборавете на Angels од Роби, поради емоции не може да ја пее

Најголемата британска ѕвезда Роби Вилијамс во интервју кое неодамна го направи, изјави дека песната “Angels” повеќе нема да ја изведува на своите концерти, бидејќи како што вели тој, не може да се справи со емоциите кога ја пее песната.

Тој вели дека често знае да заплаче откако публиката ќе покаже транспаренти посветени за луѓето кои ги имаат изгубено.

“Морам да бидам стабилен или можам да се расплачам и да изгледам многу лошо. Пред да ја запеам песната, некои луѓе подигнуваат транспаренти посветени на нивните мајки или татковци кои се починати. Тогаш си помислувам: “О Боже, ќе се расплачам”, тоа навистина ме погодуваше!”, изјави Вилијамс.

Светската ѕвезда истакна дека многу наскоро ќе се случат неколку приватни концерти на кои ќе изведува песни кои публиката ретко ги слуша.

Минатата година, 43 годишниот Роби, мораше да ги откаже своите концерти во Русија, откако имаше сериозни здравствени проблеми. Суперѕвездата беше една недела на интензивна нега откако му беше откриено крварење на мозокот. “Имав големи главоболки и имав проблеми со дишењето, не можев да спијам”, изјави тогаш Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top