недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 70 ново

Борко на ниво, Барселона рутински до 15. победа

Екипата на Барселона ја забележа првата победа во првиот настап во 2018 година и тоа на гостински терен кај Пуерто Сагунто во АСОБАЛ лигата.

Фаворитот победи со 33-29 во меч кој ги реши сите дилеми уште во првиот дел во кој направи предност од седум голови (17-10). Нашиот Борко Ристовски во отсуство на повредениот Гонзало Перез Де Варгас запиша 13 интервенции или имаше успешност на одбраните удари од 31 процент, додека пак што се однесува до листата на стрелци Шипжак и Абело дадоа по 8 голови.

Кај домаќините прво име беше Боиседу со 9 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top