недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Финскиот претседател на 69 години стана татко

Неодамна реизбраниот фински претседател Саули Ниисто стана во петокот првиот шеф на државата кој добил дете додека ја извршувал должноста, објави неговиот кабинет.

Првата дама на Финска Јени Гаукио родила син.

-Таткото кој беше присутен на породувањето рече дека мајката и бебето се добро – се наведува во соопштението.

Шеесет и деветгодишниот Ниинисто и 40-годишната Хаукио се венчаа во 2009 година. Штотуку роденото момченце е трето дете на финскиот претседател, а за неговата сопруга е првото.

Финскиот претседател ја загуби првата сопруга во сообраќајна несреќа во 1995 година.

Кон крајот на јануари Ниинисто победи на претседателските избори и го освои вториот шестгодишен мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top