недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Дипломатски преседан: Новинар на „Инфомакс“ повикан на информативен разговор затоа што побарал изјава од Џес Бејли!

Наспроти тврдењата и лажните заложби за промоција на слободата на говор и независните медиуми, американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли со репресивни методи се труди да ја замолкне секоја критичка мисла

Вчера во полициската станица Кисела Вода на информативен разговор беше повикан репортерот Борислав Стоилковиќ кој го сними американскиот амбасадор пред избирачкото место во општина Кисела Вода, со образложение дека снимката која ја објавил, содржела недолични коментари.

Од полицијата бил информиран дека се работи за претставка поради недоличните коментари кои ги пишувале виртуелните пријатели на репортерот на објавената снимка. Значи, не коментарот на Стоилковиќ, туку коментарите на останатите.

Според Бејли, репортерот, кој инаку уредно се легитимирал со новинарска акредитација и го запознал амбасадорот и неговото лично обезбедување дека има намера да го сними влезот избирачкото место во ОУ „Круме Кепески“, истиот тоа немал право да го направи. За скандалот да биде поголем, Стоилковиќ  и побарал изјава од амбасадорот кој одбил да коментира.

Со ова, амбасадорот ги прекршува сите меѓународни резолуции со кои се гарантира правото на слободно информирање, слободата на медиумите и слободата на говорот, а и длабоко истапува од Виенската конвенција со која се уредува опсегот на надлежности на дипломатските претставници.

Случајот е пријавен до сите надлежни институции и меѓународни организации, како и во редица амбасади на други странски држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top