недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 39 ново

Модниот хорор на бремената принцеза (ФОТО)

Иако нејзиниот моден стил е инспирација за многу вљубенички во модата (има и такви кои ѝ замеруваат за нејзината конзервативност и несклоност кон експериментирање), фустанот кој Кејт го носела во Стокхолм бил целосно промашување.

Досега, благодарение на својот моден стил стекна безброј обожавателки, но со изборот на синиот кадифен фустан со потпис на дизајнерот Ердем, војвотката ги разочара модните критичари.

Кејт која треба да се породи за неколку месеци, не се прослави во креацијата од кадифе и со непривлечен дезен која многумина ги потсетува на старинска завеса. Освен тоа, кројот воопшто не ѝ ласка на градбата на телото на омилената членка на кралското семејство.

Модните критичари се едногласни дека и лошиот избор на чевли и големите обетки дополнително го упропастиле аутфитот, а Кејт овојпат добила само лоши оценки.

“Што се случило со нејзиниот стил? Би можела нешто да научи од Меган Маркл”, ѝ порачале разочараните обожаватели кои со големо внимание го следат секој нејзин моден чекор.

Други пак заклучиле дека креациите на Ердем (ден претходно носела уште еден жолт фустан со негов потпис) не се добар избор за Кејт Мидлтон.

“Синиот фустан е за нијанса подобар од оној претходно. Но сепак и двата изгледаат како дел од ентериер”, коментирал еден корисник на Твитер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top