среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 42 ново

Геј афера ја дрма српската естрада: Осамна фотографија како Ацо Живановиќ се бакнува со познат маж

Многу мажи ширум светот немаат храброст да признаат дека се хомосексуалци или барем дека понекогаш им се случуваат „излети“ направени чисто од забава. Но популарниот српски пејач Ацо Живановиќ за српските медиуми го демантира и дури и она за што постојат фотографии.

Имено во српските медиуми се појавија фотографии како тој во уста се бакнува со познат маж.

– Со маж никогаш се немам бакнато, изјавил тој за српски медиум, но веднаш на пејачот му била покажана фотографија каде тој сочно се бакнува со Кристијан Голубовиќ.

– Тоа што го видовте кога Кристијан ме бакна беше „мрсна фота“, објаснил познатиот пејач, присетувајки се на деновите поминати во реалното шоу „Фарма“.

– Знаете каков бакнеж беше тоа? Милисекунди, а вие сигурно сте го стопирале и сега извадивте фотографија од тоа, изјавил тој.

Пејачот дури се потрудил и да го одбрани својот колега Дарко Лазиќ кој повторно од страна на медиумите е уловен овој пат како се бакнува со најдобриот другар. На што Живановиќ одговорил дека под дејство на алкохол човек е способен да направи работи за кои и не е свесен, иако тој тоа никогаш не би го направил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top