среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 115 ново

Македонка главна во „Ѕвездени патеки“, чека награда од Холивуд

Александра Кочоска е успешна Македонка во Холивуд. Оваа 30-годишна девојка од неодамна работи како продуцент на визуелни ефекти на хит-серијата Star Trek Discovery. Таа веќе е номинирана за престижната награда Visual Effects Society, во категоријата „визуелни ефекти во епизода“.

-Во Америка заминав 2010 година и почнав да работам во Њујорк како бебистер. Имав желба да патувам и да ја видам земјата. По година и пол работа бев да посетам другарка во Лос Анџелес каде го запознав мојот сопруг Анте Дековиќ, кој работи како супервизор за визуелни ефекти“, раскажува Александра за „Репортер.

За да добие шанса во филмската индустрија се запишала на УКЛА, од каде има две дипломи, за бизнис менаџмент во забавната индустрија и за развој.

„Програмата на УКЛА бара пракса директно во полето на интерес, па така дојдов до првиот проект, филмот White House Down со Џејми Фокс и Ченинг Тејтум, што беше извонредно искуство. Имав чест да учам и да се запознаам со работата преку супервизори со големо искуство. Клучен момент во кариерата беше кога го запознав Џејсон Зимерман кој ми ја отвори вратата во светот на ТВ-сериите“, вели таа.

Оттогаш работела на пет серии: Crossbones, Sleepy Hollow, Limitless, True Detective, а сега на Star Trek Discovery.

„Продуцентот е ‘човекот со парите’. Работата има свои убавини и предизвици. За Star Trek работиме за компанијата Си-Би-Ес и соработуваме со многу компании што ги изработуваат кадрите. Една од нив е и нашата македонската компанија FХ3Х.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top