среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Наумче Мојсоски се врати во РК Струга

Македонската ракометна легенда, Наумче Мојсоски се врати во својот матичен клуб РК Струга, но со сосема поинаква улога.

Сега поранешниот македонки репрезентативец ќе ја има улогата на претседател, а воедно ќе биде и главен спонзор на овој клуб. На ова ново место Мојсо официјално беше назначен денеска на редовното годишно собрание на кое беа најавени подобри времиња за РК Струга, клуб кој има дадено многу познати и реномирани македонски ракометари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top