сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 57 ново

Против Барселона две години не е досуден ниту еден пенал

Играњето со рака на дефанзивецот на Барселона, Умтити, во дуелот против Алавес и одлуката на судијата да не досуди пенал за гостите, предизвика многу реакции во шпанската јавност. Каталонскиот гигант се спаси и победи со 2-1, резултат кој многу лесно можеше да биде 2-2, ако арбитарот решеше дека треба да има удар од белата точка за Алавес.

Статистиката во шпанското првенство покажува дека судиите едноставно како да се плашат да досудат пенал против Барселона. Тоа беше дури 74 натпревар во низа на кој против Барселона не е досуден удар од белата точка. Во истиов овој период, за Барселона се досудени дури 32 пенали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top