среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 117 ново

Избран најдобриот анимиран филм на сите времиња (видео)

Посетителите на порталот „Ranker“ го избрале класикот на Дизни „Кралот лав“ од 1994 година, за најдобар анимиран филм на сите времиња.

На второто и на третото место исто така се најдоа современи класици на анимацијата, но кои доаѓаат од конкурентското студио Pixar: „Приказна за играчките“ од 1995 година и „Барајќи го Немо“ од 2003 година.

Меѓу останатите високо котирани анимирани филмови се најдоа и познатите наслови, како „Шрек“ и „Аладин“.

Во гласањето учествувале 460 илјади луѓе.

Инаку, „Кралот лав“, кој досега заработил речиси милијарда долари, во различни анкети и избори редовно е прогласуван за најдобар анимиран филм на сите времиња.

Треба да се спомене и дека „кралот на анимираните филмови“ во 2019 година ќе доживее римејк.

Новата верзија ќе ја режира Џон Фавро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top