недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Сестрите Хадид голи за британскиот Вог: Нивната чудна поза предизвика лавина од коментари (фото)

Британскиот Вог повторно го украде целото внимание. Се чини дека новиот главен уредник на британската модна библија, Едвард Енинфул реди само успеси, бидејќи третата по ред насловна страница под негова диригентска палка предизвика неверојатен интерес.

Откако на првата насловна страница ја стави проблематичната манекенка Адвоа Абоа со која предупреди на проблемот со дискриминација во модниот свет, а на втората се појави Тејлор Свифт која изминатата година од голема ѕвезда стана озлогласена дама поради низата трачеви на своја сметка, на третата се најдоа сестрите Хадид кои се добро познати во модниот свет.

Славните девојки позирале во златни асиметрични топови на кои изгледаат навистина прекрасно, но најмногу внимание украла црнобелата фотографија на која тие позираат потполно голи и во прегратка, што предизвикало поделени реакции кај јавноста.

Иако девојките имаат исти професии, ова е прв пат тие да позираат заедно, но позата во која се фотографирани на некои воопшто не им се допаѓала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top