среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Граѓаните од Струга и Охрид незадоволни од поскапата вода: Оваа власт едно кажуваат, друго прават, трето мислат! (видео)

Јануарските сметки за вода кои на адреса на стружани ќе треба да стигнат деновиве ќе бидат со повисоки. Воведена е нова административна такса во висина од 60 денари, но има и други промени. За првите луѓе на јавното водоснабдително претпријатие Проаква, не станувало збор за покачување, туку за корекција во цената.

„Согласно новиот закон и Регулаторната комисија за цена на водата, единствена промена која е воведена за Струга е една административна такса од 60 денари, додека за метар кубен ќе има мали промени, не повеќе од еден денар по кубик. Тоа значи дека промената е минимална и корективна, а не дека се покачува цената“, рече Ваит Ајро- директор на Проаква.

Но, граѓаните не мислат вака. Според нив, уште еден удар на државата врз нивниот плиток џеб.

„Оваа власт едно кажуваат, друго прават, трето мислат. Нема што повеќе да кажам, оставете ме.“

„Граѓаните немаат пари. Тоа за нас е голем трошок. Јас сум пензионер, имам 50 евра пензија.“

„Не е добро. Нека ги подигнат платите и тогаш нека ја поскапат цената. Не, само поскапи струја, поскапи водата, поскапи се, а платите и подолу одат“, велат анкетираните граѓани.

Реагираат и од граѓанскиот сектор. Оттаму велат дека покачувањето на цената нема да донесе ништо добро.

„Она што како граѓани ние денес се соочуваме е како резутат на последиците од проблемите кои се создаваат во изминатите 17 години. Сега се обидуваме со забрани, рестрикции и корекции на цени да поправиме нешто што не може да се поправи со ситни мерки, а кои сепак се насочуваат кон оние што не се виновни за проблемите“, рече Димитар Голабоски- Нво Аква Струга.

Сметките за вода ќе бидат повисоки и во Охрид, каде е воведена административна такса од 70 денари.

извор: alsat-m.tv

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top