сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

ЕХФ : Арпад Штербик е најкорисен играч на финалето!

Дојде пред два дена од лекарски прегледи во Скопје директно во Загреб, откако првата опција на голот на Шпанија Гонзало Перез де Варгас заработи незгодна повреда на лигамнетите. Одличниот Арпад Штербик во полуфиналната пресметка со само еден тренинг и помогна на Шпанија против Франција со три одбрани од линијата за седум метри.

Но финалето е она што засекогаш ќе се памети, во 23 минута, селекторот Жорди Рибера при резултат 7-10 за Шведска, одлучи да ризикува и да се потпре на генијалноста на вардаровиот голман.

Арпад Штербик натпреварот го заврши со 8 одбрани и 38% успешност во одбраните, на спротивната страна на свое ниво беше и Апелгрен кој го заврши својот настап со 35% успешност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top