вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Тепачка за куче во Аеродром

Вчера во Скопје С.М.(59), удрил куче пред влез на зграда на бул. „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од С.М.

Полицискиот билтен информира дека С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р., односно го фатил за јакната и го турнал. Во еден момент и С.М. и З.Р. паднале на плочникот.

Полициски службеници излегле на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top