недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 69 ново

Реквием за македонската опозиција? Македонија свртена наопаку.

Зоран Заев сака „дијалогот“ за името на Република Македонија што поитно да го сведе на директен договор Заев – Ципрас, како во случајот Заев – Борисов. Исходот е добро познат. Дотолку повеќе загрижува последната, апсолутно премалена, бескрвна и контроверзна изјава на челникот на опозицијата Христијан Мицкоски дека сега „одговорноста за процесот за името е на Владата, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси“. Но на кој начин Мицкоски тоа го замислува да биде на „браникот“ ако вака неборбено се иззема од процесот за името, кога се знае дека во највиталните национални прашања Заев се однесува според царскиот принцип Владата – тоа сум Јас, и одлучува како што ќе му текне, а сега дури и од опозицијата практично доби carte blanche така да постапи?

 

Алдо Климан

Неколку воведни пораки:

– Името и идентитетот ни е се’ што имаме. Во именикот на народите никој не може да не’ пронајде под  XYZ.

– Затворете ги очите и размислувајте, бидејќи најслеп е оној што има очи а не гледа, и најглув е тој што има уши а не слуша.

– Диктатурата секогаш е цили-мили со тебе додека не ја почувствуваш врз сопствениот грб.

– Леле си му на оној глуп диктатор што не научил ништо од судбината на другите диктатори.

– Најголем бедник и лигавец е оној на кој единствени пријатели му се непријателите на неговиот народ.

– Тешко на тој што за пет минутки слава ги продава сето минато и иднина на својот дедовски и мајчин род.

– Предавниците и окупаторите секогаш одат рака под рака.

– „Мртов и бел“ е секој оној предавник што се залажува дека раката на злото е помоќна од раката на правдата.

Изјави на опасни намери. Опозициски „танц на малите лебеди“

Квислиншкиот премиер Зоран Заев штотуку најави дека „преговорите“ (читај: „наговарањата“) за апсолутно непотребната и неподносливо и непоправливо штетна промена на уставното име на Република Македонија, за неколку дена, по доаѓањето на Нимиц во Атина и во Скопје, „ќе се крене на повисоко ниво“, те. ќе се пренесе на министрите за надворешни работи Димитров и Коѕиас. Тоа едноставно е жив ужас! Зашто тоа всушност најбуквално значи дека, од аспектот на интересите на Република Македонија, сето тоа двеиполдецениско меѓународно мрцлавење сега драстично „ќе се спушти на многу пониско ниво“ (на двајца, само двајца за нас тотално дискутабилни преговарачи!). Веќе многу убаво видовме како на тоа тнр. „повисоко ниво“ се одвиваа „преговорите“ Коѕиас-Димитров, со нивните опиени широки освојувачко-предавнички насмевки на лицето: се’ што ќе спомнеше Коѕиас, Димитров веднаш ветуваше и даваше на големо и на широко како да е од татко му.

Тоа топло-братско, „фасцинантно“ грчко-македонско пријателство и разбирање, и договарање помеѓу Коѕиас и Димитров  набргу, во наредните недели или месеци ќе се „крене“ на уште „повисоко ниво“, те. на „највисоко ниво“ на „модерните политичари од нов ков и ново време“, како што „зае.антски“ на сметка на бедното предавништво на „колегата“ од „оваа земја“ Зоран Заев би рекол грчкиот премиер Ципрас. Тоа „највиско ниво“ (само тие двајцата: Заев-Ципрас!), до кое лазејќи подмолно педа по педа се довлечка предавничиштето Заев, ќе биде не „највисоко“ ами апсолутно, смртно „најниско ниво“ на одговорност на квислиншкиот премиер спрема македонскиот народ и неговите уверувања и желби, и кон државниот суверенитет на Република Македонија, бидејќи тој нема таков тотал(итар)ен мандат од македонските граѓани апсолутистички да прави онака како што ќе му текне, како што постапи во Давос со ad hoc истресената изјава дека ќе ги менувал имињата на автопатот и на аеродромот. За жал, никој, па ниту од редовите на опозицијата, таа непримерена дрскост и узурпација на националните политички одлуки и интереси не ја прокоментира како најобичен државен криминал и диктаторска постапка, туку и тоа се прифати како свршен чин, за кој, меѓутоа, не е спроведена ниту најосновна политичка консултација, а за донесување официјална одлука на ниво на републичката власт за преименување на тие големи и важни национални објекти и да не зборуваме. Токму спротивното, опозицијата „дипломатски“  ја поздрави „добрата волја“ на двете страни за изнаоѓање решение околу името, како да не ни е совршено јасно кон што и кон какво „решение“ води сето тоа. Каква „добра волја“ има во тоа, освен лежерното грчко, веќе препознатливо: „Заев, даваш-недаваш? Абе Ципрас, реков: давам се’!“

Таа бедна, наметната Заевска политика на свршен чин и исто така несфатливото постојано национално и политичко „легнување на брашно“ по разни витални прашања, што менторот на Заев Фрчкоски цинично го наречува „апсорбирање на проблемот“ (па за две-три недели, вели, се’ ќе се заборави), трае од самиот почеток на ова незапомнето и неспитомливо Заевско лудило по последните парламентарни избори. Јасно е дека политичарите имаат свој начин и право на разбирање и интерпретација на нештата, но ако совршено јасно и недвосмислено се гледа дека во најважните национални и државни прашања квислингот Заев не само што нема и не поставува никакви „црвени линии“ кон оние што безобѕирно не’ ограбуваат, па нема дури ни „шарени“ линии, па ни „линии на најмал отпор“, туку само најбедни предавнички линии! – е, тогаш би се очекувало опозицијата на таквото однесување да реагира далеку поостро и не со политичко вербално „фино држење“, зашто во спротивното, на народот, на најшироката јавност и’ се испраќа апсолутно погрешна порака. Сметам дека во оваа ситуација кога се одлучува за нашата македонска цивлизациска смрт или цивилизациска слобода, нештата треба да се именуваат со нивните вистински имиња, колку тоа и да зазвучи грубо за лежерните, апатични уши на оние во Македонија што не разбираат, или не сакаат да разберат за што се работи. Зашто на големиот внатрешен и меѓународен заговор против нашата татковина и против нашиот народ што се реализира „на ѓон“ не може да се реагира само со суптилнен политички балетски „танц на малите лебеди“.

Треба да се знае дека внатрешните и надворешните окупатори на Република Македонија ќе сторат се’ што е во нивна моќ, од опозицијата и од јавноста да добијат „говор на прифаќање и толеранција“ како возврат за својот длабок и неподнослив „говор на омраза“, искажан низ сопствените далтоновски, каубојски постапки, но и низ секојдневните безбројни шовинистички изјави против македонскиот народ, против македонската национална и културна историја, против македонскиот јазик, и се’-на-се’ заедно, со голем потсмев и подбивање, против Република Македонија. Тој цинизам не го измислија тие; познат е и далеку пред времето на германскиот нацизам и италијанскиот, бугарскиот и грчкиот фашизам што со длабоки и болни лузни врз нашите македонски грбови и души ја шифрираа својата „голема култура и хуманост“.

На таа уличарска политика на обернеранимајковци, на чело со квислинзите Заев и Димитров и целата нивна големоалбанска свита, кои се способни само меѓународно да ја проституираат и да ја бламираат македонската официјална политика, никако не смее да и‘ се оди во пресрет, бидејќи таа не одбира средства за да го истурка и да го реализира своето невидено политичко насилство и предавништво. Што повеќе „се има“ „партнерска“ работа со неа и со сите нив, дотолку повеќе ќе се контаминира секоја чиста политичка мисла и вистински напор и намера да се спаси Република Македонија од нејзиното директно и безочно уништување и растурање, што тие веќе максимално и неповратно го остварија и за што сега настојуваат да си создадат (демократско) алиби, и да ја делат, па дури, ако може, и сосема да је префрлат одговорноста на други, но никако не и да им овозможат вистинско цивилизирано соодлучување за највиталните и најсудбоносни прашања.

Дотолку повеќе неверојатно и загрижувчки зазвучи последната, апсолутно премалена, бескрвна и капитулантска, а секако контроверзна изјава на челникот на македонската опозиција Христијан Мицкоски дека сега „одговорноста за процесот за името е на Владата, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси“. Но од таа сосема дубиозна изјава остана нејасно и недоречено на кој начин тоа со „браникот“ го замислува Мицкоски, кога сите многу добро знаеме дека во највиталните национални прашања Заев се однесува според царскиот принцип: Владата – тоа сум Јас, и одлучува како што ќе му текне, а сега, ете, дури и од опозицијата ја доби оваа carte blanche токму така да постапи?

За жал, уште едно (страшно!) и конечно легнување на брашно, или ептен брзопотезно „апсорбирање“ на проблемот, како што тоа би го дефинирал нивниот смртен опонент Љубомир Фрчкоски, кој, како вообичаено, во вистинскиот момент се најде да изурне од својата антинационална, антимакедонска црна дупка.

Господине Мицкоски, наместо вашата ужасно млака, помирлива, препуштена на судбината, делумно искажана, а делумно иманентно содржана порака до Заев и компанијата, во смисла: „Само однесете не’ во НАТО и во ЕУ, со името на Република Македонија правете што сакате – тоа е ваша одговорност, а ние ќе бидеме на браникот на националните интереси“, требаше најенергично и најуверливо да вложите и јасно пред целата домашна и светска јавност да искажете 35.000 аргументи во одбрана на нашето уставно име и никој да не смее ни да помисли да го чепка по никаква цена и за никаков беден компромис. Тоа, господине Мицкоски, би била единствената автентична и уверлива одбрана на македонските национални интереси, а не итно одење по нови совети кај евроатлантските куклари Хан, Могерини, и особено кај Кнут Фленкештајн со убавото му и многу сликовито име („кнут“ – камшик со оловни топчиња на врвот), кој заедно со хрватскиот европратеник Тонино Пицула, први меѓу првите, на сите места во Извештајот за Република Македонија, со црн фломастер, дивјачки го пречкртаа нејзиното достоинствено име и наместо него напишаа некое со европолитичка варикина исплакнато име „таа земја“, „земјата“, а наместо „македонски народ“ ставија празен збор „народ“. Затоа, само вие одете кај нив во Брисел, но таму веќе стопати беа и Заев, и Димитров, и Ахмети, и Османи, а за бугарските, грчките и албанските превеани политичари и да не зборувам. Доцна е, господине Мицкоски, за први впечатоци кај оние што ни ја раскопачија и ни ја уништија државата! Со нив нема договор, туку само лазење, ако веќе немате сила пред нив да застанете простум. А таа можност штотуку е пропуштена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top